Насловна
Општина Кисела Вода информира дека поради ненадејната промена во временските услови, концертот на Миле Кузмановски кој е дел од културното лето “Три круши” и беше закажан за вечерва, повторно се одложува. Истиот ќе биде одржан во нов термин, за кој општина Кисела Вода дополнително, навремено ќе ве извести.
Вечерва со почеток во 20:30 часот, во Паркот на бранителите во населба Драчево, концерт ќе одржи популарниот македонски фолк изведувач Миле Кузмановски. Истиот е дел од културното лето „Три круши“ и беше закажан за во понеделникот, но поради лошите временски услови беше одложен.
Повеќе: Концертот на Миле Кузмановски вечерва во Паркот на бранителите
Општина Кисела Вода ве информира дека поради лошите временски услови, концертот на Миле Кузмановски кој е дел од културното лето “Три круши”и беше закажан за вечерва, се одложува. Истиот, ќе биде одржан во среда, 05.08.2015, со почеток во 20 часот и 30 минути.
Вечерва, понеделник, 03.08.2015, со почеток во 20:30 часот, во Паркот на бранителите во населбата Драчево, концерт ќе одржи Миле Кузмановски. Љубителите на квалитетната македонска народна песна ќе можат да уживаат во целовечерниот концерт кој е во организација на општина Кисела Вода и е дел од Илинденското празнување.
Повеќе: Концерт на Миле Кузмановски вечерва во Паркот на бранителите во населба Драчево
Со прекрасна изведба на “Во 1903-тата”, Зуица Лазова го отвори синоќешниот концерт во Паркот на бранителите, кој се одржа по повод големиот празник Илинден.
Повеќе: Со концертот на Зуица Лазова, се славеше празникот Илинден во општина Кисела Вода