Насловна
По повод големиот празник Илинден, во организација на општина Кисела Вода, во Паркот на бранителите во населбата Драчево ќе се одржат два концерта на народна музика. Во сабота, на 01.08.2015, во 20:30 часот, концерт ќе одржи Зуица Лазова. Најголемите свои хитови, пак, Миле Кузмановски ќе ги отпее на истата локација, но два дена подоцна, во понеделник, на 03.08.2015, повторно со почеток во 20:30 часот.
Повеќе: И општина Кисела Вода дел од Илинденските празнувања!
Продолжува континуитетот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода. Со денешното доделување на новите решенија од страна на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, бројот на легализирани објекти се искачи на 3962.
Во насока на отстранување на опасноста од пожари, имајќи ги предвид актуелните високи температури, општина Кисела Вода апелира до сите свои жители, сопственици на дворови, ниви и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост, истите да ги уредат, т.е. да ги искосат нараснатите тревни површини, израснатите грмушкасти растенија кои претставуваат потенцијална опасност и за нив, но и за целата околина. Високите температури кои се најавени и за периодот што следува, значат зголемена опасност од пожари, па превентивно делување, коe секако подразбира и совесно однесување на секој поединец, жител и сопственик на приватен имот на оваа територија, каде општината нема ингеренции да интервенира, се неопходност.
Повеќе: Општина Кисела Вода апелира за косење на нараснатите тревни површини на приватните имоти
Општина Кисела Вода им го честита Рамазан Бајрам на сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија со желби за добро здравје, благосостојба, меѓусебно разбирање, почит и љубов.
Втора година по ред, ООУ „Климент Охридски“ од село Драчево е во трите најбезбедни и најчисти училишта во учебната 2014/2015 година. Ова се резултатите од натпреварот „Најбезбедно и најчисто училиште“ што се спроведува втора година по ред од страна на Министерството за образование и наука и ОБСЕ.
Повеќе: ООУ „Климент Охридски“ од село Драчево едно од трите најчисти и најбезбедни училишта