Насловна
Се вади бекатонот од улиците “Мишко Михајловски”, “Марко Цепенков” и улицата “345”, се отстрануваат старите рабници на тротоарите, се сече делот од асфалтот покрај нив. Веќе втора седмица интензивно течат активностите на градежната фирма Бетон, согласно проектот за рехабилитација и подобрување на локални патишта, за кој на општина Кисела Вода и’ беа одобрени средства од страна на Владата на РМ, преку ЈП за државни патишта.
Вчера вечер, во Паркот на бранителите, се одржа завршниот концерт на 36-от Меѓународен студентски фолклорен фестивал.
Повеќе: Фестивал на солидарноста се одржа вчера во општина Кисела Вода
За својот 60ти роденден, општина Кисела Вода доби нови општински симболи. Во рамки на празничните случувања во текот на вчерашниот ден, нив ги промовираа градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и Претседателот на Советот Трајче Донев.
Во рамките на одбележувањето од 60 годишното постоење на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, денес традиционално им додели награди на најталентираните ученици од општината. Како дел од стратегијата за развој на научната мисла на овие простори, во рамки на проектот „Општината ги стипендира најдобрите“ еднократни парични награди во износ од по 10.000 денари, меѓу кои и три екипни од по 15 000 денари, и им беа доделни на 75 -те најталентитрани ученици од општината, кои во периодот од 2014/2015 година освоија награди на натпреварувањата од областа на науката, спортот, културата и уметноста.
Повеќе: Општина Кисела Вода го започна роденденот со награди за најталентираните ученици
Поставен камен темелник на градинка во Пинтија, во знак на 60 години постоење на општина Кисела Вода
Со поставување на камен темелник на детска градинка во населбата Пинтија од страна на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, заедно со Претседателот на Советот Трајче Донев, општина Кисела Вода продолжи со денешното одбележување на својот 60-годишен јубилеј.