Насловна
Во организација на општина Кисела Вода и Македонскиот Олимписки Комитет, денес во дворот на објектите на ЈДГ „8 - ми Март“, Пеперутка 1 и Пеперутка 2, во населба Драчево беше одбележан Светскиот ден на Олимпизмот.
Повеќе: „Светскиот ден на олимпизмот“ одбележан во ЈДГ „8 - ми Март“
Во организација на општина Кисела Вода и Македонскиот Олимписки Комитет, денес во дворот на објектите на ЈДГ „8 - ми Март“, Пеперутка 1 и Пеперутка 2, во населба Драчево беше одбележан Светскиот ден на Олимпизмот.
Директорот на ЈДГ„8 Март“, г-ѓа Габриела Стојановска во своето обраќање пред присутните се заблагодари на Македонскиот Олимписки Комитет за сите активности кои досега ги има помогнато.
Настанот со своето присуство го збогати претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, г-дин Васил Тупурковски.
Децата од воспитните групи од градинката преку активностите кои се реализираа за одбележувањето на „Светскиот Ден на Олимпизмот“ ги покажаа своите вештини преку спортските натпревари, ликовната работилница и музичките настапи.
Најстарата градинка која се наоѓа на територија на општина Кисела Вода „Весели Цветови“ го прослави 70 годишниот јубилеј од своето постоење. Во петте објекти на градинката: „Перуника“, „Синоличка“,„ Мимоза“,„ Кокиче“ и „Сончоглед“, бројни генерации ги направиле првите чекори во животот, во кои стекнале моменти кои ги дефинирале како личности.
Повеќе: Најстарата градинка во Кисела Вода прослави 70 години
Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при општина Кисела Вода започна со театарските претстави подготвени од учениците од основните училишта од општината, a со цел реализација на проектот „Популаризирање на театарот” во соработка помеѓу Министерствoто за образование и наука и општина Кисела Вода. Театарските претстави беа презентирани пред Комисијата формирана од Градоначалникот на општина Кисела Вода г-ѓа Билјана Беличанец - Алексиќ, за избор на најдобра театарска претстава.
Музичко-ритмички точки, ликовни творби, дружење...