Насловна
Денес во големата сала во општина Кисела Вода градоначалникот Билјана Беличанец –Алексиќ додели 40 – тина ваучери во износ од 6000 илјади денари за новородените бебиња во општината. Бројот на семејства кои досега ја искористиле еднократната парична помош се искачи на 1019.
Повеќе: За неполни 2 години, општина Кисела Вода додели над 1000 ваучери за новороденчиња
Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Кисела Вода. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека утре, во периодот од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе отанат потрошувачите од улиците “Ваташа”, “Слав” и “Румена Хаџипанзова”.
Утре, четврток, 28.05.2015, од 10:00 часот до 12:00 часот, во организација за Одделението за култура при општина Кисела Вода, во дворот на ДУРМДОВ “Димитар Влахов”, по петти пат ќе се реализира ,,Мултимедијален хепенинг”.
Учесници ќе бидат ученици од сите основни училишта во општина Кисела Вода, од ДУРДМОВ ,, Димитар Влахов “ од ПОУ ,, Златан Сремец “ и дечиња од ,, Дневен центар за деца од улица “ во склоп на ЈДГ ,, Весели цветови “ објект ,, Сончоглед “.
Во пресрет на одбележувањето на јубилејот-60 години постоење на општина Кисела Вода, темата на која тие музички и ликовно ќе се изразат е насловена: “Зелено те сакам, зелена општино!”.
Повеќе: Општина Кисела Вода утре организира мултимедијален хепенинг во ДУРДМОВ "Димитар Влахов"
Утре, четврток, 28 мај 2015, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош на семејствата со новороденчиња од општината.
Деветоодделенците од основните училишта во општина Кисела Вода ги посетија индустриските капацитети кои се лоцирани на ова територија.
Повеќе: Избери ја работата што ја сакаш и нема да мораш да работиш ниту еден ден во животот!