Насловна
Ве известуваме дека Дваесет и осмата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 20.05.2015 година (среда) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 28-та пленарна седница
Да се покаже талентот, креативноста и посветената работа и едновремено да се промовира уривањето на бариерите и зближувањето на луѓето без оглед на нивните разлики - беше целта на манифестацијата “Јас сум талент во моето училиште”, која се одржа денес во ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов‘‘, со поддршка од општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода изврши замена и поправка на оштетените реквизити на детските игралишта. По извршениот увид на состојбата на теренот, во изминатиот месец, се работеше на репарирање на детските игралишта на повеќе локации ширум општината.
Девет невработени лица ќе бидат работно ангажирани од страна на општина Кисела Вода согласно објавениот јавен оглас за нивно вклучување во програмата за општинско корисна работа. Проектот „Квалитетна и поефикасна грижа за учениците од предучилишно и училишно образование “ произлегува од Договорот за соработка помеѓу УНДП и Општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2015 година и Програмата за вработување на Владата на РМ за активните програми и мерки за вработување за 2015 година, Општина Кисела Вода и Агенцијата за вработување на РМ.
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу УНДП и Општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2015 година и Програмата за вработување на Владата на РМ за активните програми и мерки за вработување за 2015 година, Општина Кисела Вода и Агенцијата за вработување на РМ на ден 15.05.2015 година објавуваат: Јавен оглас до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата „Општинско корисна работа“