Насловна
Денес се одржа втората работна средба на претседатели на Совети на Општините во скопскиот регион кои членуваат во Комитетот на Совети при ЗЕЛС. Согласно најавите на претседателот на комитетот на совети при ЗЕЛС и актуелен претседател на советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев, средбата се реализираше во општина Карпош, а планирано е да бидат опфатени и сите други општини од скопскиот регион и од другите градови низ државата.
Повеќе: Претседателот Трајче Донев ја одржа втората седница на Комитетот на советите при ЗЕЛС
Општина Кисела Вода ги известува сите заинтересирани граѓани дека утре, четврток, со почеток во 11 часот, во паркот Шопен, во близина на општината, ќе можат да дојдат и на лице место да го проверат својот стаж на осигурување, платите и другите податоци, како и да добијат одговори на други прашања од областа на пензиското и инвалидското осигурување. Вработените од Министерството за труд и социјална политика, од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за капитално финансирано пензиско осигурување, како институции кои во соработка со општина Кисела Вода го реализираат овој настан, ќе бидат достапни за наведените услуги, се до 14 часот. Се што граѓаните треба да понесат со себе е лична карта.
Нови 50 ваучери за новородените деца од општина Кисела Вода, денес додели градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.
Повеќе: Ваучери за уште 50 новороденчиња од општина Кисела Вода
Ве известуваме дека граѓаните од кулите 1,2, 3, 4 и 5 во Расадник утре од 9 часот ќе немаат вода. Добиената информација е од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од Водовод и канализација.
Повеќе: Утре без вода ќе останат корисниците од кулите Расадник
На официјална посета, во објектот на градинката “8 Март” во Пржино, денес пристигна делегација од Бон, Р. Германија и од градот Скопје.