Насловна
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општината Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ и директорите на јавните градски претпријатија, денеска одржаа средба со претставници на урбаните заедници од општина Кисела Вода, со што и официјално започна дванаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје и средби со претставниците на урбаните и месните заедници.
Повеќе: Со Кисела Вода започна циклусот посети на градот Скопје на скопските општини
Градоначалникот на општина Кисела вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи денес, во населбата Драчево, го пуштија во употреба системот за функционирање на подземните контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Кисела Вода.
Повеќе: Поставени подземни контејнери во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода и град Скопје Ве покануваат на пуштањето во употреба на системот за функционирање на подземните контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Кисела Вода, што е закажана за утре 15.04.2015 година, среда/ во 12:30 часот, во паркот на улицата "Димитрие Чуповски" во населба Драчево.
БИЉАНА БЕЛИЧАНЕЦ-АЛЕКСИЌ ЗА ВЕСНИКОТ "ВЕЧЕР"НАЈАВИ БРОЈНИ ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД
13 април 2015
Во четвртокот, во општина Кисела Вода започна пролетна акција за косење на тревата.
Повеќе: Се уредуваат тревните површини во општина Кисела Вода