Насловна
Општина Кисела Вода на сите жени им го честита 8 Март, меѓународниот ден на жената, преку кој се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. На овој ден се сеќаваме на почетокот на движењето за поддршка на правата на жените и даваме поддршка за нивното учество во донесувањето одлуки во општественото живеење. Овој ден е и ден за споменување на храброста и одлучноста на многу, навидум, обични жени кои одиграле извонредна и несекојдневна улога во глобалната историја.
Основните училишта на територија на општина Кисела Вода го одбележаа меѓународниот празник на жената-8 Март.
Општина Кисела Вода, потсетува дека објави продажба на градежна парцела за изградба на станбена зграда, со компатибилна класа за деловни и комерцијални намени. Понудената парцела со површина од 1.079 метри квадратни се наоѓа спроти паркот Шопен и на неа може да се подигне објект со бруто развиена површина од 4.945 метри квадратни и максимална висина од 21 метри. Почетната цена на земјиштето е 4.300 денари за метар квадратен.
Повеќе: На продажба уште една градежна парцела во општина Кисела Вода
Денес, во просториите на општина Кисела Вода, се одржа состанок помеѓу градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и Бранко Лазаревски, претставник од Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе: Работна средба во општина Кисела Вода за изградба на градинка во Пинтија
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, денес, заедно со генералниот извршен директор на АД Цементарница-Усје, Борис Хрисафов, изврши обиколка на ООУ “Кирил Пејчиновиќ” коe неодамна беше реновиранo.