Насловна
По известување добиено од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје , општина Кисела Вода ве информира дека поради одредени зафати во елктродистрибутивната мрежа без струја ќе остане дел од улицата “Востаничка”. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде од 09:00 до 13.00 часот.
Организирано, со автобуски превоз, од Расадник и пред Паркот на бранителите во Драчево, жителите на општина Кисела Вода, вработените во општината, учениците од погорните одделенија во основните училишта, средношколци и други заинтересирани граѓани, утринава тргнаа кон населеното место Миладиновци.
Повеќе: Општина Кисела Вода дел од „Ден на дрвото есен 2014“
Општина Кисела Вода да ги информира жителите на овој дел од градот дека за претстојната акција „Ден на дрвото есен 2014“, која годинава се одвива под мотото „Стоп за катастрофите”е организиран бесплатен превоз до населеното место Миладиновци, каде ќе се одвива централниот настан.
Повеќе: Распоред на поаѓање на автобусите за Денот на дрвото
Општина Кисела Вода со донација го одбележа 50 годишното постоење на училиштето “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”. За потребите на кабинетот по музичко воспитување, беше дониран музички инструмент-клавинова, со што, општината им излегува во пресрет на учениците за реализирање на програмата и дава свој придонес во модернизацијата на наставата.
Продолжува процесот на легализација во општина Кисела Вода, како општествено прашање со кое конечно се решаваат децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти. Владата на Република Македонија со носењето на Законот за легализација на дивоградбите овозможи историска шанса за сите граѓани, да се стекнат со правна и легална сопственост на нивните домови.
Повеќе: Легализирани нови 50 дивоградби во општина Кисела Вода