Насловна
Божиќна топлина и радост влегоа во домот на 15-членото семејство Китановски од Општина Кисела Вода. Трошната куќичка на ова семејство во населбата Припор, денеска беше опремена со нова детска соба, а дечињата добија пакетчиња. Насмеани детски лица и задоволни родители утрово ги пречекаа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и претседателот на Советот, Трајче Донев кои лично сакаа да им ги честитаат божиќните празници и да внесат божиќна светлина во домот на најголемото семејство во општината.
-“Денеска, во пресрет на најголемиот христијански празник Божиќ, заедно со Претседателот на Советот и дел од советниците го посетивме семејството Китановски за да им ја збогатиме божиќната трпеза, пред се со една божиќна погача, бадниково гранче, еден пакет со прехранбени и еден пакет со хигиенски продукти – изјави градоначалникот Беличанец - Алексиќ.
Повеќе: Општина Кисела Вода ја збогати Божиќната трпеза на семејството Китановски
Во недела (06.01.2014), во 11:00 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ќе го посети 15-членото семејство Китановски од нас. Припор и ќе донира покуќнина и пакетчиња за децата. (ул. “Христо Татарчев 28” бр. 4, првата улица од десно по месната заедница во Припор).
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Божиќните празници се денови на љубовта, спокојот, простувањето и милосрдието. Токму во пресрет на божиќните празници, Општина Кисела Вода продолжува со традиционалните хуманитарни акции.
Во недела (05.01.2014) во 11:00 часот, градоначалникот и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и Трајче Донев ќе го посетат 15-членото семејство Китановски од населбата Припор и ќе донираат покуќнина и пакетчиња за дечињата.
Скромниот дом на ова семејство ќе биде опремен со нова детска соба, која е донација од компанијата Телесмарт Телеком, а се реализира преку проектот “Се грижиме за топол дом”, за чија имплементација општината Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ги посети децата со посебни потреби од ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу” и во таа пригода им додели ваучери за бесплатно зимување во Берово. Градоначалникот Беличанец – Алексиќ, предвидените средства за репрезентација во буџетот на Општина Кисела Вода за 2013 година ги пренамени за подмирување на трошоците за реализација на зимувањето. За ова зимување да биде реализирано претходно беше обезбедена согласност од страна на сите родители. Зимувањето ќе се реализира во периодот од 09.01.2013 година до 15.01.2013 година, со обезбеден полн пансион. Советот на Општина Кисела Вода, претставуван од Претседателот Трајче Донев, донираше пакетчиња, додека добронамерници од општината донираа обувки и топла облека.