Насловна
Во среда, 27.11.2013 година, жителите на Општина Кисела Вода ќе имаат можност да се вклучат во големата есенска акција “Ден на дрвото – засади ја својата иднина”, со што ќе придонесат за унапредување на животната средина. Акцијата за садење ќе се реализира на локацијата Мршевци, за којашто има организиран превоз.
Неодамна заврши втората фаза од реализацијата на проектот за развој и унапредување на свеста за значењето на културата и уметноста со цел развивање на креативниот потенцијал на најмладите и доусовршување на воспитно-образовниот кадар во областа на ликовната и драмската уметност. Оваа фаза ја опфати обуката на главните воспитувачи од секој објект од јавните детски градинки ,,Весели Цветови” и ,,8-ми март”. Обуката се состоеше од повеќе работилници кои се реализираа во период од 18 до 22 ноември.
Процесот на легализација на бесправно изградени објекти во Општина Кисела Вода продолжува со несмалена динамика. Практиката за делење на решенија за легализација на неделна основа веќе ги даде посакуваните резултати. Имено, откако градоначалникот Беличанец – Алексиќ ја воспостави оваа позитивна практика за јавно доделување на решенијата, општината доделува во просек по околу 40-тина решенија за легализација неделно, со што интензивно се зголемува процентот на легализирани објекти во општината.
Во вторник, (26.11.2013) во градинката Пепертука во нас. Драчево со почеток во 13:00 часот, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ќе засадат дрвца по повод акцијата “Ден на дрвото”.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
И годинава, Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектот “Шах во основните училишта на територија на Општина Кисела Вода”, во кој учествуваат сите осум основни училишта од општината и две училишта со посебни потреби ПОУ “Златен Сремац” и ДУРДМОВ “Димитар Влахов”. Во секое училиште се определи просторија за држење на обуките, термин и по двајца одговорни наставници од секое училиште.
Повеќе: Продолжува проектот “Шах во основните училишта на територија на Општина Кисела Вода”