Насловна
Одлична забава, со традиционална македонска игра и песна понуди културниот бран на “Три круши”. За тоа се погрижи ансамблот Македонија, кој во петокот на Верско-рекреативниот центар одржа незаборавен целовечерен концерт.
Повеќе: Драчевчани уживаа во македонскиот фолклор и етно-мелос
Со неколку настани, денеска најстарата општина во градот Скопје го прославува нејзиниот 58-ми роденден. Одбележувањето започна со свечена седница на Советот на општината, на која присуствуваа потпретседателот на Собранието на Република Македонија, поранешни претседатели на Советот, поранешни советници, претставници на бизнис заедницата, членови на општинската администрација, претставници на основните училишта, детските градинки и други гости. Свечената седница ја отвори претседателот на Советот на општината, г-нот Трајче Донев, кој ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивното присуство.
Процесот на интензивно решавање на предметите за легализација во Општина Кисела Вода продолжува. Со денешното доделување на 40 нови решенија за легализација, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 1754. Од вкупно регистрираните 11.872 дивоградби за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 5100 предмети се во административна постапка, а 5.008 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација (најчесто недостасува Геодетски елаборат). Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ги информираше присутните за процесот и динамиката на решавањето на предметите за легализација во општината Кисела Вода.
Повеќе: Нови 40 решенија за легализација во Општина Кисела Вода
Со свечена седница и неколку културно-забавни настани, најстарата скопска општина – Кисела Вода, во сабота (29.06.2013) ќе го прослави 58-от роденден. Со почеток во 10:00 часот, во големата сала на општината ќе се одржи свечена седница на Советот на општината, на која градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели благодарници на личности кои оставиле печат во работата и развојот на општината.
Културното лето во Кисела Вода продолжува и оваа недела. Културниот бран од месноста “Три круши”, се пресели во урбаниот дел на општината Кисела Вода. Имено, вчеравечер целовечерен концерт во паркот “Фредерик Шопен” одржа триото “ОЛЕ”, со изведба на класични нумери, странски преработки и македонски евергрини.
Повеќе: Триото “ОЛЕ” ја развесели публиката во паркот “Шопен”