Насловна
Во насока на создавање на подобри услови за згрижување на децата од предучилишното воспитување, општината Кисела Вода продолжува со реконструктивни проекти во објектите на градинките. Деновиве, интензивно се изведуваат градежните работи за реконструкција и санација на покривната конструкција на градинката “8-ми Март” во населбата Пржино.
Повеќе: Градинката “8-ми Март” во Пржино ќе добие нов покрив
Ве известуваме дека шестата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 30.08.2013 година (петок), во големата сала на општината, со почеток во 13,00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од Четвртата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода;
-Усвојување на Записникот од Петтата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода;
1.Предлог-Одлука за потврдување на картирани подлоги за донесени урбанистички плански документации;
2.Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на ЦОУ “Рајко Жинзифов” во општина Кисела Вода;
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 6-та пленарна седница
Летниот период е вистинското време за реновирање и реконструкција на училишните и помошните воспитно – образовни згради. Празните училишта во екот на летниот распуст им обезбедија одврзани раце на директорите да ги подготват училиштата за новата учебна година.
Фактот што важи за една од најстарите општини, во која функционираат едни од најстарите скопски основни училишта, дополнително придонесува општината Кисела Вода традиционално да помага во реализација на реконструктивните зафати во сите училишта. На неполна недела пред почетокот на учебната година, Општина Кисела Вода им излезе во пресрет на основните училишта и реализира акција за чистење на училишните дворови во сите објекти на училиштата.
Повеќе: Основните училишта во Кисела Вода подготвени за новата учебна година
Проектот за обновување на 100 пешачки премини пред градинките и училиштата во Општина Кисела Вода се одвива со добра динамика. Во тоа се увери и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, која изминатиот викенд во вечерните часови изврши увид на неколку локации каде се одвиваат активностите за бележење на сообраќајните зебри.
Општина Кисела Вода продолжува со интензивно урбанистичко планирање. Во насока на создавање на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа на граѓаните, Општина Кисела Вода ја започна постапката за носење на неколку клучни урбанистички планови. Од утре (27.08.2013 год.), започнува јавна анкета по Предлог – Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј13, Општина Кисела Вода, плански период 2013-2018, со кој ќе се уреди просторот помеѓу булеварот “Македонија” - Ж, булеварот “Србија”, улицата “Борис Трајковски” и улицата “Народни Херои”, односно “Михаил Чаков”.
Повеќе: ДУП-от за нас 11-ти Октомври – бараки на јавна расправа