Насловна
На пригоден начин денеска во Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ по втор пат свечено додели ваучери на 35 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош во висина од 6.000 денари.
Одлуката за доделување на еднократна парична помош на секое семејство со новороденче од општината, се донесе едногласно од страна на Советот на општината на 4-тата пленарна седница, по лична заложба и предлог на градоначалникот.
Повеќе: Градоначалникот на Кисела Вода додели нови 35 ваучери на семејства со новороденчиња
Во сабота (24.08.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, по втор пат, ќе додели ваучери за еднократна парична помош на семејства со новороденчиња на подрачјето на Општина Кисела Вода.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот
На големо задовлство на граѓаните, денес 21.08.2013 година, започна со работа новиот супермаркет на Рамстор во Општина Кисела Вода. На свеченото отварање присуствуваше и одржа поздравен говор, Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ.
„Чест ми е пред се како жител, а и како Градоначалника на Општина Кисела Вода што денеска сум сведок на отварањето на првиот маркет на Рамстор на територија на Општина Кисела Вода.Токму затоа ќе си дозволам овој чин да го толкувам како тенденција за поквалитетно секојдневие и на жителите на територија на Општина Кисела Вода. Ја користам приликава да се чуе пораката дека Општина Кисела Вода е отворена за секој предлог, сугестија и за секоја квалитетна инвестиција да излезе во пресрет за брза и ефикасна административна постапка“.
Истaкна, Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ.
Повеќе: Рамстор отвори нов супермаркет во Општина Кисела Вода
Во понеделник (19.08.2013година) во големата сала на Општина Кисела Вода беше означен почетокот на проектот „100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици“. Министерството за внатрешни работи и републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) потпишаа согласност за реализација на проектот„100 обновени пешачки премини за 10.000 ученици“ со Општина Кисела Вода, и компаниите Евроинс Осигурување, Адинг и Кодинг од Скопје.Целта на овој проект е подигање на безбедноста во сообраќајот кој во Кисела вода ќе ги опфати сите пешачки премини пред градинките, основните и средните училишта.Со овој проект ќе се изврши обнова-бојадисување на пешачките премини пред сите градинки, основни и средни училишта во Општина Кисела Вода заради зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено пешаците, велосипедисти и мотоциклистите и останатите корисници на пешачките патеки во општината.
Во понеделник (19.08.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи пресконференција во врска со реализацијата на проектот 100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици. На пресконференцијата свои обраќања ќе имаат Министерот за внатрешни работи Г-ѓа Гордана Јанкуловска, Претседателот на Ребуличкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Г-дин Никола Анѓеловски и градоначалникот на Општина Кисела Вода Г-ѓа Билјана Беличанец Алексиќ.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.