Насловна
По осми пат годинава, Општина Кисела Вода ја продолжува традицијата и го организира културното лето “Три круши 2013”. Пред повеќе од 3.000 посетители, вчеравечер на верско-рекреативниот центар “Три круши” во с. Драчево стартуваше културното лето во Кисела Вода, кое годинава се реализира под мотото “Бранувано Културно Три круши 2013-то лето”.
Традицијата продолжува. И годинава, Општина Кисела Вода традиционално по осми пат ја организира културно-забавната манифестација културно лето “Три Круши 2013”. Ова на денешната прес-конференција го најави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ.
Повеќе: Во петок стартува овогодинешното културно лето во Кисела Вода
Општина Кисела Вода распиша конкурс за избор на најубаво уредени двор и тераса на нејзината територија. Целта на конкурсот е да се промовира и популаризира грижата за животната средина и за природата, да се поттикне креативниот дух и да се мотивира населението да ја озелени, обои и разубави својата животна средина.
Повеќе: Општина Кисела Вода врши избор на најубаво уредени двор и тераса
Денес во општина Аеродром беше промовирана андроид апликацијата “ Види, Пријави, Поправи”, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ. Станува збор за андроид апликација, преку која секој граѓанин или учесник во сообраќајот може да пријави одреден проблем, на пример, кога ќе забележи дупка на одредена улица веднаш ќе може да ја пријави кај надлежните, преку фотографирање и сателитско лоцирање на точната позиција на ударната дупка. На тој начин граѓаните ќе можат директно да учествуваат во работата на општинските служби и навремено да ги информираат властите за подобрување на комуналната инфраструктура.
Повеќе: Се промовираше апликацијата “Види, пријави, поправи”
21.06.2013 г. ( петок) – 21.00 часот - Свечено отварање на ,,Бранувано Три круши 2013то културното лето” : Настап на ,,Хармосини “ со Црковна музика, Концерт на групата ,,Синтезис”