Насловна
Нови приемни денови за жителите на општината одржа викендов градоначалникот на Кисела Вода. Преку 60 граѓани со него разговараа, му ги посочија проблемите со кои се соочуваат и заеднички дискутираа околу изнаоѓањето на решение. Средбите ќе продолжат со несмален интензитет и во периодот што следува. Се закажуваат на 02/2785-401.
Повеќе: И викендов примени денови за граѓаните во Општина Кисела Вода
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во својот кабинет се сретна со децата со попреченост од училиштето ,,Кузман Шапкарев" од Драчево. Покрај дружбата, Ѓорѓиевски потсети и на сѐ што е направено за нив во претходната година.
Повеќе: Меѓународниот ден на лицата со попреченост одбележан во Кисела Вода
Во преполна сала денес, се одржа одличен настан во кој ни се приклучија институциите, училиштата како и невладините организации, а во рамки на кампањата за стоп на насилството врз жените и девојчињата.
Нов рекреативен парк со самонаводнување никнува на местото од дивата депонија во селото Драчево. Во месноста Оскиген, на површина од 7500m2, Општина Кисела Вода гради рекреативен центар каде во своето слободно време ќе можат да уживаат граѓани од сите возрасти.
Повеќе: Наместо депонија, современ парк од 7500m2 во Оксиген, с. Драчево
Од денес, жителите од ,,Благоја Гојан" и ,,Мегленска", за првпат по 50-тина години, ќе се движат по комплетно нови и реконструирани улици.
Повеќе: Реконструирани улиците ,,Благоја Гојан" и ,,Мегленска"