Насловна
Воспоставување на систем за примарна селекција на неопасен отпад и подигнување на јавната свест за селектирање на отпад во општина Кисела Вода овозможува потпишаниот Меморандум помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Здружението Иницијатива за Економски Развој на Ромите РЕДИ – Скопје, ДУСО РЕДИ Рециклажа Скопјe.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски потпиша Меморандум за соработка со Реди и Реди Рециклажа
Ветив за две, а за само една година од мојот мандат ги решивме сите предмети за кои беше поднесена целосна документација или не беа предмет на судски спор, истакна денес градоначалникот Ѓорѓиевски. Додаде дека во наредните три дена на граѓаните ќе им биде доставен до дома решениот предмет.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Ги решивме сите барања за легализација кои имаа целосна документација
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи шеснаесеттата пленарна седница на 15.11.2022 година (вторник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи шеснаесеттата пленарна седница
Продолжува градежната офанзива низ улиците на општина Кисела Вода. Во моментов, градежни активности се одвиваат во урбаната заедница Цветан Димов, каде се врши санација на неколку улици. Нов асфалт ќе добијат Тоне Томшиќ, крак на улицата Мишко Михајловски и дел од Дичо Петров. Се работи за површина од околу 2300 квадратни метри, која на жителите од овој дел на Кисела Вода ќе им овозможи подобри и побезбедни услови за сообраќај, како и подобра естетика на просторот. Се планира овој градежен зафат да биде готов до крајот на следната недела.
Паралелно, обнова на асфалтот се врши и во урбаната заедница Кисела Вода, каде се интервенира на дел од улицата Димо Хаџи Димов и на улицата Марко Орешковиќ.
Како што во повеќе наврати истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, обновата на патната инфраструктура која во голема мера го условува и економскиот развој на општината, ќе ги опфати сите месни и урбани заедници, со цел равојот на Кисела Вода да биде рамномерен.
Тимот од ЈДГ”Весели Цветови” и ООУ,,Св.Климент Охридски”, во периодот од 20 до 23 октомври учествуваше на престижната Конференција во Требиње, БиХ.