Насловна
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вечерва е на терен заедно со службите од Кисела Вода. Во самоорганизирана акција, сезонските работници, администрацијата од Кисела Вода, помогнати со механизација и работници од соседната општина Сопиште и од општина Кавадарци, го чистат наталожениот отпад од улиците во општина Кисела Вода, кој Градот Скопје веќе неколку дена не го собира, доведувајќи го во ризик здравјето на граѓаните.
Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на “Вера Јоциќ” со краците и паркинзите и изградба на нов паркинг
За десетина дена ќе биде завршена целосната реконструкција улицата “Вера Јоциќ” и нејзините краци. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во финализацијата на овој проект кој опфаќа асфалтирање на површина од околу 5800 квадратни метри и кој исто така опфати реконструкција на постоечките паркинзи и изградба на нов паркинг простор за 70 возила.
Со спектакуларен концерт на Нокаут, како незаборавна завршница на Културното лето, Општина Кисела Вода го прослави својот 68-ми роденден. Преку 30 000 жители дојдоа во Расадник и заедно ги пееја најголемите хитови со бендот кој и самиот има историско значење во македонската музика.
Повеќе: Со спектакуларен концерт на “Нокаут” КиселаВода го прослави својот 68-ми роденден
Жителите на Драчево добија нов простор за одмор, дружење и рекреација. Возобновен и освежен со нови содржини е паркот во Драчево, лоциран на местото каде бeа отстранети времени објекти.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во почетокот во градежните активности за санација на улицата “Емил Зола” со краци.
Повеќе: Целосна реконструкција на улицата “Емил Зола” со краците и паркинзите