Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Податоци од неговите надлежности кои ги извршува

Општината самостојно, во рамките на Законот и овој Статут ги уредува и врши работите од јавен интерес, од локално значење, утврдени со Законот за локална самоуправа или друг Закон, како и работите кои не се исклучени од нејзина надлежност или не се во надлежност на органите на  државната власт.

 

Општината е надлежна за вршење на следните работи:
             
1. Планирање и уредување на просторот
- покренување иницијативи за донесување, измена и дополнување на просторниот план на градот Скопје и генералниот урбанистички план на градот Скопје;
- давање мислења по нацртите на просторниот план на градот Скопје и генералниот урбанистички план на градот Скопје;
- донесување детални урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места во општината и урбанистички планови вон населено место;
- спроведување урбанистички планови и проекти и издавање документација за изградба на објекти од локално значење (услови за градба, урбанистичка согласност, одобренија за градење);
- издавање на одобренија за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема, и
- уредување на градежно земјиште во делот на опремување на граденото земјиште со објекти и инсталации од секундарната инфраструктура.
2. Заштита на животната средина и природата
- покренување иницијативи и преземање на мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштитата од бучава и нејонизирачко зрачење;
3. Локален економски развој
- планирање на локалниот економски развој на општината;
- утврдување развојни и структурни приоритети на општината, и
- поддршка на развој на малите и средните претпријатија и  претприемништвото во општината;
4. Комунални дејности
- изградба, одржување, реконструкција и заштита на сервисни и станбени улици и други инфраструктурни објекти;
- одржување на јавната чистота на сервисните и станбените улици;
- организирање, изнесување и транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад;
- изградба и одржување на јавно осветлување на станбени и сервисни улици на подрачјето на општината;
- одржување на гробовите и гробиштата и давање погребални услуги на општинските гробишта утврдени со урбанистички план;
- изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за општината утврдени со урбанистички план;
- одржување и користење на зеленилото на сервисните и станбените улици;
- отстранување на нерегистрираните моторни и други возила од јавните површини;
- одржување и користење на јавните пазари;
- дезинфекција и дератизација и
- изградба и одржување на јвни санитарни јазли.
5. Култура
- институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење на општината;
- негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности;
- организирање културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво и
- одбележување на настани и личности од значење за општината.
6. Образование
- основање, финансирање и учество во управувањето со основните училишта на нејзиното подрачје, во согласност со закон;
- именување директори на основните училишта во согласност со закон, и
- превоз и исхрана на учениците во училиштата од нејзината надлежност, во согласност со закон.
7. Социјална и детска заштита
- сопственост, управување, основање, финасирање и одржувањена јавните установи за деца - детски градинки, во согласност со закон и
- преземање мерки од областа на социјалната заштита во согласност со закон.
8. Здравствена заштита
- преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
- здравствено воспитување;
- унапредување на здравјето;
- превентивни активности;
- здравствен надзор над животната средина и над заразните болест и
- помош на пациенти со специјални потреби.
9. Заштита и спасување
- заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања и елементарни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
10. Надзор
- надзор над вршењето на работите од надлежност на општината.
      Плановите и проектите од ставот 1 точка 1 алинеја 3 на овој член општината ги донесува по претходно добиено позитивно мислење од градот Скопје и согласност од органот на државната управа надлежен за работите на уредување на просторот.
Работите од ставот 1 точка 1 алинеја 5 на овој член се вршат во согласност со утврдени стандарди, а по претходно добиена согласност од градот Скопје.
Работите од ставот 1 точка 4 алинеја 3 на овој член се вршат во согласност со градот Скопје.
Работите од ставот 1 точка 9 на овој член се вршат во соработка со градот Скопје

Сите надлежности На Општина Кисела Вода се регулирани со Статут на Општина Кисела Вода

◊ Статут

 Службени гласници

◊ Правилници - Образование, предучилишно воспитување, спорт и култура

◊ Колективен договор за вработените во Општина Кисела Вода 

◊ Правилници - Месни / урбани заедници

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa