Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Начинот на поднесување на барање за пристап до информации

Согласно член 12 став 1, став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РСМ“ бр..101/2019)

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис,

Барателот е должен во барањето да се произнесе за начинот на натамошната комуникација со имателот на информацијата и тоа усно, во писмена форма или во електронска форма.

Усно барање -согласно член 13 став 1

Ако барателот бара пристап до информација со усно барање, имателот на информацијата е должен на барателот да му овозможи пристап до информацијата , на начин со кој барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина, за што имателот на информацијата составува записник, освен ако се работи за информации од членот 6 став (1) од овој закон.

Писмено барање-согласно член 14 став 1 и став 2

За писменото барање за пристап до информации одлучува имателот на информации во постапка утврдена со овој закон.

За прашања на постапката од ставот 1 на овој член кои не се уредени со овој закон, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.

 

Поднесување на барањето -согласно член 15 став 1 и став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Барањето за пристап до информации го поднесува барателот до имателот на информации.

Барањето од ставот (1) на овој член поднесено во електронска форма се смета за писмено барање од членот 14 од овој закон.

 

Согласно член 10 став 2 од Законот за слободен пристап пристап до информации од јавен карактер

Секој имател на информации е должен да овозможи бесплатен пристап до информациите од ставот (1) на овој закон.

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa