Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Влијанието на климата врз природните фактори и стопанските дејности

Климата е важен услов за развој на многу стопански дејности, влијае на природните фактори како на количеството на врнежи, водостојот на реките, загревањето на воздухот, влажноста, загревањето на почвата, растителниот и животинскиот свет.

Последниве неколку години актуелни се климатските промени и општото глобално загревање на целата земјина планета. Климатските промени се состојат во зголемување на температурата на воздухот, а тоа придонесува  на  Антарткикот топење на глечериите и зголемување на нивото на светското море. Се зголемува температурата на воздухот, испарувањето, додека количеството од врнежи се намалува во одредени делови на земјината површина.

Климатските промени се  чувствуваат и на територијата на нашата држава бидејки во летните месеци се соочуваме со високи темперетури, а мало количество на врнежи, додека врнежите во вид на снег од година во година се се помали.

Климата има огромно влијание и врз распространетоста на растителниот и животинскиот свет. Одредени видови на животни се исчезнати или се на работ на исчезнување како рисот, белоглавиот орел и многу други.

Поради малото количество на врнежи и високите температури голем дел од растителните заедници не виреат на одредени подрачја, на нивно место се појавуваат други видови на растенија, почвата е се посува-испукана  и без нејзино наводнување не успеваат голем број на земјоделки култури.

Во стопанството, климата има особено влијание врз земјоделството, шумарството, сообрајкајот, туризмот и останатите општествени  дејности.

Влијанието на покачената температура врз приносите на земјоделските култури сама по себе зборува дека се наметнува потребата од недостиг на вода и наводнување на површините, особено во вегетацискиот период, засадување на соодветни земјоделски култури, соодветни шумски насади кои успешно ке виреат во затекнатите климатски услови.

Климатските промени влијаат и врз продуктивноста во секојдневната активност, работоспособноста кај активното население се намалува од влијанието на високите температури и се помалку продуктивни во сите сфери на нивната активност, како во примарните дејности така и во општествените дејности.

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa