Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Како да ги заштитиме децата од загадениот воздух?

Во многу региони на земјата нивото на загадување на воздухот ja надминува максималната вредност. Тоа го изложува на ризик здравјето на сите, но најранливи се децата. Еве што треба да знае секој родител за да успее да гo заштити максимално своето дете.

Различни меѓународни студии стигнуваат до заклучок дека постои зголемен ризик од болести на дишните патишта, особено астма и респираторни алергии кај децата кои живеат во места со високи нивоа на загадување на воздухот. Изложеноста на загаден воздух во долг рок води до зголемување на ризикот од сериозни респираторни заболувања. Зошто децата се повеќе ранливи на загадувањето на воздухот?

Различни фактори придонесуваат за тоа децата да се поранливи од возрасните на високите нивоа на загадување на воздухот. На пример:

Висината

Децата се пониски од возрасните и затоа се поблиску до автомобилите, кои се меѓу главните извори на штетните честички. Уште поопасно е за најмалите деца, кои се возат во количка.

Малата големина на белите дробови

Детските бели дробови се неколку пати помали, што го прави справувањето со големото количество нечистотии практично невозможно;

Незрел имунолошки систем

На детскиот имунолошки систем сè уште му треба време да се развие целосно. Ова, во комбинација со хроничната иритација предизвикана од фини честички, го прави ширењето на вируси и бактерии многу полесно, што од своја страна ги тера децата да се разболат.

 

Како да ги заштитиме децата од смог?

 

На прво место, ако е можно, нека собата во која престојува детето нема прозорец кон булеварот или улицата, каде загадувањето е повисоко. И кога се зборува за просториите, тие секогаш треба да бидат проветрени, бидејќи дури и внатре во домот постојат загадувачи, опасни за здравјето. Најважно нешто за деновите во кои загадувањето е највисоко, кои се честа појава во текот на зимските месеци, е да го ограничите отворањето на прозорците во својот дом. Најповолно време за проветрување е доцна навечер или рано наутро, кога сообраќајот е минимален. Во такви денови би било најдобро да ги оставите децата дома, ако е можно и да се избегнуваат прошетките. Дури градските паркови не се безбедни кога загадувањето е навистина сериозно, па експертите советуваат да се избегнува излегување во овие денови, особено со мали деца.

Ако сепак морале да излезете, користете места изложени на помал сообраќај, на пример споредни улички, наместо големи булевари и искористете ги помалку прометните часови - доцна наутро или рано попладне.

 

Маските - помагаат ли навистина?

 Се повеќе луѓе се одлучуваат да носат маски во обид да се заштитат од загадениот воздух. Но, колку се ефикасни маските за лице? За жал обичните маски кои можете да најдете во аптеките не можат да ги сопрат фините честички, но тие дејствуваат како бариера за поголемите, кои исто така ги дразнат дишните патишта. Користење на маските сигурно нема да ви наштети, но истовремено нема да го намали или сопре влијанието на фините честички врз здравјето.

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa