Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

  • Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Спектакуларна завршница на културното лето “Три круши”

Пред околу 3.000 посетители, на спектакуларен начин вчера заврши манифестацијата “Бранувано културно Три круши 2013-то лето”. Имиџот и реномето на најпосетувана културна манифестација во Градот Скопје, културното лето во Кисела Вода и оваа година го потврди.

На четири локации во општината, годинава преку 35.000 посетители ги проследија вкупно 15-те културни настани, на кои продефилираа неколку стотини естрадни уметници, театри, ансамбли и културно – уметнички друштва, актери и хумористи.  

И оваа година културното лето "Три круши" ги оправда очекувањата. Оваа културна манифестација не само што низ своите  програмски содржини имаше забавен карактер, афирмираше и анимираше млади уметници, туку меѓу другото доби и предзнак на манифестација која се залага за зачувување на македонските културни вредности, традиции и обичаи.

На завршната манифестација, се претставија младата музичка надеж Даниел Тошевски, културно-уметничките друштва “Китка”, “Јордан Мијалков” и “Никола Јонков Вапцаров”, а културното лето свечено го затворија најголемите музички ѕвезди на македонската фолк сцена, Војо Стојановски и Сузана Спасовска. 

-“Се надеваме дека со богатиот репертоар на културни настани го подигнавме нивото на културно живеење на граѓаните во општината и ги погодивме изострените естетски вкусови на сите генерации. Организациониот тим од општината, веќе од понеделник ќе започне да работи на новата програма за културното лето 2014 година, во која сигурен сум дека целосно ќе бидат вклучени Вашите ценети предлози и сугестии. Советот на Општина Кисела Вода како традиционален покровител на оваа манифестација и во иднина ќе продолжи да го поддржува културното лето, во интерес на граѓаните”- меѓу другото на свечениот чин на затворањето на манифестацијата, истакна покровителот на културното лето, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев.

Коментари  

 
+1 #2 daniela 2014-06-07 08:28
Tokmu taka, jas se soglasuvam. Se nadevam deka ovaa godina ke se vrati stariot sjaj na toa sto znacese TRI KRUSI-mesto kade se pravi ubava atmosfera so narodnata muzika. Kolku dobra atmosfera pravea SUZANA SPASOVSKA, MILE KUZMANOVSKI, pokoen VOJO STOJANOVSKI, ETNO FEST, DANIELA TEMELKOVSKA, ANETA NAKOVSKA.... toa e za site generacii, bidejki poslednive godini mladata publika ja slusa narodnata muzika. Taka da, site bi bile zadovolni dokolku se vrati stariot sjaj na kulturnoto leto, no samo na destinacija na tri krusi vo dracevo. Pozdrav :D
Цитат
 
 
+4 #1 dusko 2013-08-10 17:31
Конечно нешто весело. Ова ја прави атмосферата весела на три круши 5-6 години наназад. Сузана Спасовска, Војо, Миле му прилегаат на три круши, како и Етно Фестот, под организација на Сузана Спасовска. Убав завршеток, а убаво и весело треба да биде и наредна година. Поздрав :)
Цитат
 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa