Насловна
Во знак на благодарност кон медицинските лица, кои на Универзитетската клиника за детски болести, секојдневно прават се успешно да ги излечат децата, на иницијатива на воспитувачката Жаклина Јорданова, од градинката „Перуника“, дечињата од нејзината група, заедно со неа и со негувателката Емилија Горгиева подготвија колачиња.
За вработените на клиниката, децата изработија и новогодишни честитки. Воспитувачката Жаклина Јорданова во име на децата, колачињата и честитките ги однесе во детската болница, каде истите ги прими портпаролката на Универзитетската клиника за детски болести, Марија Тасев.
Градинката „Перуника“ е во надлежност на ЈДГ „Весели цветови“.