Насловна
Општина Кисела Вода започна со активности за уредување на паркот „Пушкин“.
Во моментов, во паркот кој е со површина од 1.148 м2, се поставува автоматски систем за наводнување на зеленило. По ова, во истиот ќе бидат засадени: трева, јавори и црвени сливи. Според предвиденото, до почетокот на пролетта, паркот ќе биде комплетно хортикултурно уреден.
Со овие зафати, Општината ќе го зголеми зеленилото, а на жителите ќе им направи поубаво место за дружење и уживање.