Насловна
Oпштина Кисела Вода денес организираше јавна презентација на резултати од извршениот стручен надзор врз квалитет на изведени улици во општината. Презентацијата ја изврши претставник на компанијата Еуро Консалтинг Наце Гичевски, дипломиран градежен инженер. Контролата на квалитетот на извршени работи, вграден материјал и дебелина на вграден материјал е извршена во две лаборатории Еуро Консалтинг и Гранит ЕО Лабораторија. Покрај него свое излагање имаше и градоначалнкот Филип Темелковски, како и правниот застапник на општина Кисела Вода Ивица Јефтиќ.
-Со оглед дека сум мета на лиферување на лажни вести и невистини ја организирав оваа јавна презентација за да се запознаат граѓаните и јавноста со постапките за надзор и контрола на квалитет на извршените работи-истакна на почетокот од своето обраќање градоначалниот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски.Сите информации од работењето на општината се од јавен карактер и секогаш сме се залагале за транспарентно работење. Наша цел како општина е да имаме квалитетно изведени улици и токму затоа и денес, ви презентираме факти од стручни лица.
Oткако сум градоначалник асфалтирани се улици во должина од околу 20км, на уште 20 километри со поставени со павер елементи, а поставени се и подземни инсталации-водоводна, атмосферска и фекална канализациона мрежа. За сите тие инвестиции во изминатите три години, за оценка на квалитетот на изведбата, направени се стотици ипитувања од страна на ндворешни компании, избрани на тендер за да го вршат надзорот. Овластен претставник кој може да врши надзор е фирма избрана на тендер. Тенденциозните обвинувања и лажните вести мора да престанат. Општина Кисела Вода стои на располагање за сите граѓани и институции кои сметаат дека треба да учествуваат во проверка на квалитет на изведените работи. Секогаш сме биле отворени за сите граѓани, без разлика за верска, национална или партиска припадност. И опозицијата, на која ова и е кажано, кога се сомнева во начинот на работа, може да дојде кога се прват официјалните испитувањата за оценка на квалитетот на изведеното. Дополнително, според законските одредби, Општина Кисела Вода е должна да бара гаранција и гарантен рок за квалитетот на изведбата на сите капитални инвестиции. За квалитетот, покрај нашите внатрешни контроли има и надворешна. Сакам да нагласам дека Општина Кисела Вода не изведува, таа инвестира. Изведуваат компании кои ги имале најдобра понуда на тендер преку Бирото за јавни набавки-говореше градоначалникот Темелковски.
Еуро Консалтинг врши континуирана контрола на сите изведени работи во Општина Кисела Вода и досега сме земале проби од сите изведени објекти и сите проби одговараат на проектната документација и по квалитет и по квантитет, истакна во своето обраќање претставникот на компанијата Еуро Консалтинг, Наце Гичевски, дипломиран градежен инженер.
-Нашиот тим е секојдневно присутен, соодветно ги документира активностите со фотографии ивидеозаписи од почетокот наработите се до финалниот проект. Изведувачот е должен да ги документира сите активности, за таа цел се води градежен дневник, изведувачот ја има доставено цела потребна законска документација, нагласувајќи дека целокупната документација е јавно достапна во општината. Воедно, тој ги покани сите заинтересирани субјекти за проектите кои во моментот течат, лично да се уверат во начинот на вршење анализа и точноста на добиените податоци. Зад резултатите стојат врвни инженери и професионалци вработени во нашата компанија, додаде Наце Гичевски.
Презентацијата беше заокружена со обраќањето на правниот застапник на Општина Кисела Вода, Ивица Јефтиќ.
-Искажаните клеветнички невистини од лица кои не поседуваат никакви познавања ни од технички, ни од законски стандарди и кои без да побараат информација од општината шират лажни вести и излегуваат со презентирање на одредени коцки асфалт за кои не се знае од каде потекнуваат. Сакаме да укажеме дека доколку постојат сомневања во квалитетот на работата прво треба да проверат. Ставови изнесени без доказ и без да се побара информација од општината согласно законот се клеветнички и ќе побараме извинување и доколку е потребно и судска заштита. Нашата цел не е да влегуваме во судска постапка но ќе побараме извинување бидејќи сакаме да спречиме ширење на лажни вести и невистини, изјави адвокатот, Ивица Јефтиќ.