Насловна
Жителите на Општина Кисела Вода, во сите месни и урбани заедници, следниот месец, поточно од 5 до 23 април ќе имаат можност да одложуваат кабаст отпад.
За собирање на кабастиот отпад, заинтересираните потребно ќе биде претходно да закажат термин на телефонскиот број 072/313 -331. Закажувањата ќе се вршат од 29 март до 8 април, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Граѓаните потребно ќе биде отпадот да го одложуваат пред нивните домови, на површини, на кои не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот.
Во работните активности, ќе бидат вклучени 25 сезонски работници и два камиони на Општината.