Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Преку „Нега Плус“ Општина Кисела Вода овоможува грижа за старите и изнемоштени лица

Од неодамна, старите и изнемоштени жители на Општина Кисела Вода добиваат помош во извршувањето на секојдневните домашни обврски. Оваа услуга им е овозможена преку социјалното претпријатие „Нега Плус“во рамките на ХЕРА, во соработка со Општината Кисела Вода.

 

Возрасните лица кои не можат да се грижат сами за себе и да водат независен живот во заедницата, можат да добијат негувател кој ќе им помогне во во одржување на лична хигиена, во хранење, облекување, во одржување на домаќинството, кој ќе им овозможи помош при готвење и пазарување, при движење надвор од домот, помош при користење медицинска терапија, при контрола на крвен притисок и шеќер. За да станат корисници на оваа услуга, лицата треба дасе обратат кај својот матичен лекар, а потоа со потребната документација во месно-надлежниот Центар за социјални работи, од каде ќе биде назначено стручно лице за увид и одобрение. Потребната документација и дополнителни информации се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк:

https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/NEGA%20plus.pdf

За сите дополнителни прашања или помош при пријавувањето за користење на услугите, граѓаните можат да се обратат директно во Канцеларијата за подобрување на социјалните услуги која се наоѓа во просториите на Општина Кисела Вода или на телефоните 02/278-5481 и 070 299 026.

Социјалното претпријатие „Нега Плус-Кисела Вода“ е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој е е имплементиран од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Преку истиот, овозможувајќи валитетни социјални услуги на локално ниво, ја покажуваме грижата за оние кои се грижеле за нас, што е еден од врвните приоритети на Општина Кисела Вода.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa