Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Кисела Вода го продолжи рокот за аплицирање за субвенција за сметките за струја

Општина Кисела Вода го продолжува рокот за поднесување на барања за субвенционирање на дел од месечните сметки за потрошена електрична енергија на социјално –ранливите категории.

 

Со цел да им се излезе во пресрет на што повеќе жители кои ги исполнуваат критериумите зададени со јавниот повик, на нивно барање, бараната документација може да се достави уште 7 работни дена од првично предвидениот рок, односно до 16.09.2022 год до 19 часот. За потсетување, се работи за финасиска помош која Општина Кисела Вода ја обезбеди преку донација од приватна компанија и која има за цел социјално загрозените семејства, самохраните родители и децата без родители полесно да ги подмират сметките за потрошена струја. Се работи за сума во износ од 1.200.000,00 денари, односно по 100.000,00 денари во текот на дванаесет месеци, кои ќе бидат наменети на оние на кои најмногу им е потребна помош.

Јавниот повик со критериумите за учество и потребната документација е достапен на општинската веб страница на следниот линк: 

http://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Binderrrr444.pdf

Дополнителни информации може да се добијат преку лицата за контакт:

Ана Ѓуроска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  071/391-167

Марјана Блажевска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  072/248-526

Документите треба да се достават со Архивата на Општина Кисела Вода, а изборот ќе го врши повеќечлена комисија. Подносителите ќе бидат известени во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката за распределба на средствата.

Ова е уште една од мерките која Општина Кисела Вода ја спроведува со цел да излезе во пресрет граѓаните кои во овој период на огромни поскапувања имаат се поголеми финасиски проблеми. Продолжен е и проектот “Храна за сите”, преку кој се обезбедуваат хуманитарни пакети за економски немоќните лица, а сите семејства кои имаат првоодделенче, од Општината на првиот училишен ден, добија бесплатни училишни чанти со тетратки и прибор.

Во периодот што следи Општина Кисела Вода ќе излезе со нов сет мерки, со цел овој тежок финасиски период полесно да се преброди.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa