Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Ѓорѓиевски: Кисела Вода за прв пат ќе добие модерен затворен пазар

Поставен е камен темелник, со што започна изградбата на новиот затворен пазар во Кисела Вода.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред присутните го истакна задоволството што после три декади, оваа општина за првпат добива современ простор со целосна инфраструктура кој за жителите ќе биде пристојно место за набавка на свежо овошје и зеленчук, а за пазарџиите, квалитетен простор за пласман на нивните производи.

Воедно, потенцираше дека ова е еден од ветените проекти во неговата програма, чија реализација за само една година изнесува околу 70 проценти од предвиденото.

-Денес за прв пат во триесет години, отпочнуваме еден ваков капитален проект. За прв пат во историјата на Кисела Вода, моите сограѓани ќе добијат современи услови за пазарење односно еден нов, модерен, ултрасовремен, затворен пазар, нешто што во мојата општина недостасуваше повеќе од 30 години. Тука од една страна го постигнуваме ефектот моите сограѓани, мојот народ овде, во Кисела Вода да пазари во современи услови, услови какви што им доликуваат, а од друга страна и оние кои што се пазарџии, коишто го опслужуваат нашиот народ и го пласираат својот производ да имаат современи услови за пласман на своите производи, овде во Кисела Вода.

За овој проект  морам да се заблагодарам и на Министерството за локална самоуправа кое што партиципира со дел од средствата во овој проект. Ова е за прв пат во историјата во Кисела Вода да имаме еден ваков нов современ пазар, ветен во мојата програма. Јас во мојата програма се обврзав дека ќе изградиме два вакви пазари, па еве, на истекот на првата година од мојот мандат веќе го почнуваме овој пазар кој што треба  отприлика за два месеци да биде готов, а за многу скоро како медиуми ќе бидете повикани и во Драчево каде што ќе започнеме со изградба на уште еден ваков ултра модерен, современ, затворен пазар како што доликува за нашата современа општина. Морам да истакнам дека на истекување на година дена од мојот мандат со програмата веќе финишираме или отпочнуваме проекти како денешниов. Реализацијата на проектите изнесува  околу 70% од она на кое сме се обврзале за изборите пред нашиот народ.

Продолжуваме и понатаму со уште едно посилно темпо од ова што е досега. се’ со цел да ги реализираме сите дадени ветувања во програмата и да ги подобриме условите за моите сограѓани овде во Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Новиот затворен пазар е лоциран на местото од некогашниот див пазар кој функционираше во субстандардни услови, без водоводна и санитарна инфраструктура. Покрај функционалноста, новото современо здание ќе претставува и квалитетно естетско решение за овој дел од Кисела Вода, каде во непосредна близина се лоцирани паркот “Македонија” и Домот на култура “Билјана Беличанец”.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa