Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

  

Насловна

Средба на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со Роберт Скот Хејзлет, виш директор на НДИ во Македонија

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со Роберт Скот Хејзлет, виш директор на НДИ во Македонија.

 

На средбата присуствуваа и програмскиот директор Александра Цветковска, Александра Крстеска и Јасмина Кузмановска од НДИ Македонија.

Во фокусот на разговорот беа проектите кои ги засегаат двете страни, и Општина Кисела Вода и НДИ, пред се’ од областа на еднакви можности за економска самостојност на жените, максимална здравствена заштита на деца, жени и мажи, жртви на семејно насилство.

Гостите се интересираа и за целите на градоначалникот како новоизбран лидер на ЗЕЛС , по што беа дефинирани следните чекори за отпочнување на нови проекти помеѓу локалните самоуправи и НДИ.

- Со Роберт Скот Хејзлет - виш директор на НДИ во Македонија, денес остваривме средба во мојот кабинет. На средбата на која присуствуваа и програмскиот директор Александра Цветковска, Александра Крстеска и Јасмина Кузмановска од НДИ Македонија, ги запознав со работата на нашата општина но и работата и целите како новоизбран претседател на ЗЕЛС која ги обединува сите општини во Република Македонија. Од страна на Скот Хејзлет ми беа презентирани нивните проекти од кои поголем дел се однесуваат на државно ниво, како и два многу важни за локалните самоуправи. Се работи за унапредување на родовата еднаквост, која значи еднакви можности за мажите, жените и децата. Тоа подразбира и еднаква можност за економска самостојност на жените, максимална здравствена заштита со посебен акцент врз заштитата на деца, жени и мажи, жртви на семејно насилство. Морам да истакнам дека Кисела Вода е еден од лидерите во овој проект, што беше потенцирано и од страна на претставниците на НДИ.

Понатаму, во фокусот на нашата понатамошна продлабочена соработка ќе биде и унапредувањето на работата на општините која ќе се одвива преку обуки во областите кои општините ќе ги таргетираат. На оваа срдечна средба, договоривме и ги прецизиравме нашите следни чекори за отпочнување на нови проекти помеѓу локалните самоуправи и НДИ. Нашата цел е силни и развиени општини и посветено работиме на тоа-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски по средбата.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa