Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

  

Насловна

По неколку децении-градежна офанзива во Припор

Интензивни градежни акивности од денес, се одвиваат во Припор. Оваа населба во која декади наназад многу фреквентни сообраќајници беа оставени на милост и немилост на времето, од денес добива нов лик.

 

Градоначалникот Ѓорѓиевски кој изврши увид во работите на улицата Сава Ковачевиќ 23, истакна дека во наредните седмици Општина Кисела Вода ќе ги санира оштетените улици во Припор, наведувајќи дека станува збор за површина од над 10 000 квадратни метри.

Онаму пак, каде што има потреба, ќе се пробијат и нови улици. Додаде дека градежната офанзива, ќе ги опфати и сите други месни и урбани заедници, согласно планот за рамномерен развој на целата општина

 

-Припор од денес е зафатен со интензивни градежни активности! Ги санираме оштетените улици, меѓу кои Сава Ковачевиќ, нејзините краци- 23, 24, 25 и 27 и улицата кај црквата, односно патот што води кон Теферич. Фреквентни сообраќајници со површина од над 10 000 квадратни метри на кои никој, децении наназад, не интервенирал со градежен зафат. На одредени позиции, пробиваме и нови улици!

За неколку седмици, согласно моите дадени ветувања за рамномерен развој на сите населени места во општината, Припор ќе добие сосема нов лик, а патната структура ќе продолжиме да ја обновуваме и во останатите месни и урбани заедници!

 Градежната офанзива на која ќе сведочат сите наши жители, ќе донесе удобност и безбедност за учесниците во сообраќајот и нов современ изглед на целата општина Кисела Вода-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa