Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

  

Насловна

По 60 години месноста Порупи доби квалитетна водоводна мрежа

После повеќе од 60 години, месноста Порупи во селото Драчево доби нова водоводна мрежа. Oпштина Кисела Вода ја заврши изградбата на водоводна линија долга 1480 метри на улицата “Илија Ристевски” и нејзините краци.

 

Се работи за капитална инвестиција која на 800 жители кои годии наназад се бореа со проблемите со застарената мрежа, сега им обезбедува квалитетни и современи услови за живеење.

-Денес, ја пуштаме во употреба новата водоводна линија во месноста Порупи, село Драчево, со што завршуваат неколкудецениските пробеми со водоснабдувањето на овдешните жители. Имено, мрежата од која досега се снабдуваа, е градена пред 60-тина години, во време кога населеноста, а со тоа и потребите биле значително помали. Имено, тогаш во ова место живееле околу 40, а сега дури 150 семејства. Исто така, се јавуваа и големи проблеми поради и притисокот што се јавуваше врз неа, бидејќи минуваше низ дворовите и куќите на жителите на улицата “Илија Ристевски” и нејзините краци. Новата водоводна мрежа која денес ја ставаме во функција, се протега во должина од 1480 метри.

Сакам да упатам голема благодарност до ЈП “Водовод и Канализација”, со кое во партнерство го реализиравме овој проект. Притоа, тие го обезбедија потребниот материјал, додека ние, како Општина Кисела Вода се погриживме во делот на човечките ресурси, односно учествувавме во изведбата со работна рака за ископот и за поврзувањето на домаќинствата кон мрежата. Резултатите се видливи. Од денес, околу 800 жители, имаат достоинствени, современи  услови за живеење, а ние, како локална самоуправа, ќе продолжиме со вакви капитални проекти и во сите останати места каде постојат суштински проблеми, недозволиви за 21-от век-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој денес и самиот го провери притисокот на водата во куќата која е поставена на највисоката кота во месноста Порупи.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa