Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

  • Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Ќе се гради градинка во Припор

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ го потпиша договорот со фирмата изведувач “Инком Инженеринг” , со што е дадено зелено светло за почеток на изградба на градинка во Припор.

Ова значи дека  ќе биде обезбеден простор за згрижување на  100тина деца  од предучилишна возраст од овој дел на градот.  Градежните активности ќе се одвиваат во дел од ПОУ “Круме Кепески” кој ќе биде дограден, реконструиран и пренаменет . Конкретно,  две училници ќе бидат реновирани и пренаменети во занимални, дел од ходникот ќе биде пренаменет во перална со магацин, а ќе биде дограден и сосема нов дел, според идејното решение подготвено од општината.  Важно е да се знае дека сите стандарди за нормално функционирање на објектот ќе бидат запазени.  Градинката ќе има засебен влез, а во нејзиниот  состав ќе бидат организирани и јасли, креативни работилници, кујна и  перална, што би значело модерни, безбедни и здрави услови за згрижување на дечињата и нивна едукација. 

Важноста на овој проект е во тоа што ова  ќе  биде првата градинка во овој дел од општината и ќе биде од големо олесување за сите родители кои сега своите деца ги носат во градинките во централниот дел на Кисела Вода. Тоа пак, значи, надминување на  сообраќајниот метеж, непотребното  губење на време и зголемените трошоци за превоз, но и почеток на решавање на проблемот со  преполнетите капацитети на градинките во централното подрачје. Ова е остварување на уште едно од ветувањата што градоначалникот на општината Билјана Беличанец-Алексиќ им го даде на жителите на Припор,уште на почетокот на својот мандат,  во насока на остварување на приоритетите-инвестирање во образованието на младите и враќање на учениците  и најмладите жители на општината во подрачните училишта и градинки.

Од посетата на ПОУ Круме Кепески на 09. 03. 2013г.-во придружба на Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска

Во следните фази на проектот е планирана  реконструкција на покривот на целиот објект на училиштето ” Круме Кепески”, што е потребно поради дотраеноста на постојниот и проблемите со протекување.  Исто така, фасадата ќе биде заменета со нова, со што ќе се зголеми изолацијата на објектот, односно ќе се обезбедат услови за енергетска ефикасност.

Целокупната инвестиција е во вредност од 12 милиони денари кои ги обезбеди Општина Кисела Вода. 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa