Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Општина Кисела Вода ги награди најуспешните основци

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Продолжуваат активностите на општина Кисела Вода во насока на одбележување на 61-годишниот јубилеј. Денес,во рамките на проектот “Општината ги стипендира најдобрите”, 90-те талентирани и надарени ученици од основните училишта на оваа територија, кои во текот на учебната 2015/2016 година освоија награди на натпреварувањата од областа на науката, спортот, културата и уметноста, од градоначалникот и Претседателот на Советот на општина Кисела Вода добија парични награди.

Освен поединечните награди во висина од 10 000 денари, беа доделени и 4 награди во вредност од 15 000 денари во екипна конкуренција.

- Реализирањето на сопствените амбиции, врвните достигнувања во областа во која се чувствувате најмоќни, задавањето на се повисоки цели и нивното остварување, се одлика на успешните луѓе. Кога се работи за млади лица, за ученици, како што сте вие, овој успех е уште поголем. Паричните средства што општина Кисела Вода денес ви ги доделува освен што значат признание, треба да бидат поттик за вашата понатамошна работа. Стимул - со посветеност да продолжите да ги проширувате своите видици, создавајќи високоинтелектуална креативна средина за сите ваши соученици и оние кои ќе ве наследат во училишните клупи- потенцираше градоначалникот Беличанец-Алексиќ во своето обраќање.

 

Денешните активности за одбележување на Денот на општината, 29-ти јуни, продолжуваат во попладневните часови. Во 17 часот Здружението на пензионери на Кисела Вода ќе одржи хуманитарна коријада во паркот Шопен. Средствата од продажбата на белите печива кои тие ги подготвуваат, а потоа и продаваат, се наменети за социјално- загрозените лица од општината. На истата локација од 18часот, во соработка со ЈЗУ Здравствен дом-Скопје, ќе се вршат бесплатни лекарски прегледи, а потоа Здружението на пензионери на Кисела Вода ќе се претстави со културно-уметничка програма.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa