Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Се одржа хуманитарна коријада во општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Во организација на општина Кисела Вода и Здружението на пензионери од општина Кисела Вода, во паркот Шопен денес се одржа традиционална хуманитарна коријада.

 

Пензионерите од Кисела Вода со своите вештини во правењето на бели пецива се претставија пред големиот број на граѓани кои со задоволство купуваа од нивните домашно подготвени традиционални производи. Собраните средствата од продажбата на белите пецива, се наменети за социјално - загрозени лица од општината. Коријадата која традиционално се организира во паркот Шопен беше збогатена со културно - уметничка програма, со многу песни и ора.

Во исто време, на истата локација докторски тим од ЈЗУ Здравствен дом - Скопје, вршеше бесплатни прегледи и даваше бесплатни лекарски совети.

Ова е уште една од низата активности по повод одбележувањето на Денот на општината, кои општина Кисела Вода ги започна вчера со доделување на ваучери за своите најнови жители и со свечено отворање на нов современ Дом на Култура. Денес општина Кисела Вода им додели награди на своите најуспешни ученици.

Одбележувањето на 61 - година од постоењето на општина Кисела Вода, со бројни активности ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa