Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

„Пушкинови денови“ по девети пат во Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Со свечена и богата културно-уметничка програма, и оваа година по девети пат во општина Кисела Вода се одбележа Светскиот ден на рускиот јазик и литература и 218-те години од раѓањето на големиот руски и светски поет Александар Сергеевич Пушкин.

Оваа манифестација која е во организација на општина Кисела Вода и амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во паркот „Пушкин“ собра голем број на почитувачи на рускиот пишан збор, на руската литературна мисла, дух и народ. Пред бистата на Пушкин, свежо цвеќе поставија претставници од општина Кисела Вода и делегација од Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија.

Одбележувањето на 218 години од раѓањето на овој великан продолжи со богата програма која опфати музички изведби, читање на руска поезија интерпретирана од ученици од асоцијацијата “Озарение”, но и од студентите од филолошкиот факултет “Блаже Конески”, сплетови игри од  ансамблот “Чајка” и КУД “Славјанка”.

Бројната публика, во која, освен официјалните претставници од Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, претставници на руската дијаспора, претставници на општина Кисела Вода, се најдоа и многу жители на оваа општина, имаше можност навистина да ужива во одбележувањето јубилеј од постоењето на Александар Сергеевич Пушкин, во уште еден роденден на рускиот јазик. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa