Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Светскиот ден за заштита на животните во Кисела Вода го одбележа бездомно куче

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Светскиот ден за заштита на животните, 4 октомври, во Кисела Вода, го одбележа бездомното куче Жучко, кое живее околу студентскиот дом Пелагонија.

За него, секојдневно, грижа водат вработените и студентите кои престојуваат во студенскиот дом, како и жителите кои живеат во близина на истиот. Покрај нив, и таксистите кои ја користат такси постојката се грижат за кучето. Кучето, денес имаше незгода, пропадна во голема дупка ископана како почетна фаза на градежните зафати за изградба на нов објект. Жучко освен несреќа, имаше и среќа, да го види вработен во општината, кој веднаш се обиде да му помогне.

Во акцијата за спасување на Жучко се вклучија дел од погоре наведените лица кои секојдневно се грижат за него. Без оглед на опасноста да се повредат, без оглед што немаа соодветни алатки и машинерија, без оглед што си ја извалкаа и уништија гардеробата која ја носеа, чувството за грижа, желбата и свеста, преовладаа и придонесоа кучето да биде извадено од големата дупка.  

Имено, идејата за одбележување на Светскиот ден за заштита на животните, произлегла во далечната 1931 година во Фиренца, Италија.

По повод овој голем ден и настан со среќен крај, Општина Кисела Вода информира дека вложува максимални напори за заштита на животните, за нивно хумано згрижување, бидејќи правата на животните треба да бидат подеднакви со правата на луѓето. Како дел од овие напори, претходно Општина Кисела Вода, веќе ги извести своите жители за програмата ХУМАНА КОНТРОЛА НА КУЧИЊАТА БЕЗДОМНИЦИ, воедно, преку јавен повик, ги повика сите заинтересирани граѓански здруженија, активисти и жители за заштита на правата на животните, да земат учество во истата, соодветно на нивните желби и можности.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa