Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Кисела Вода го одбележа Светскиот ден на учителите

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Со пригодна свеченост, Општина Кисела Вода, денес даде свој придонес во одбележувањето на Светскиот ден на учителот.

На настанот на кој присуствуваа градоначалникот Филип Темелковски, советници од Советот на Општина Кисела Вода, раководителот на секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, директори и наставници од основните училишта на територија на општината и повеќе гости, се проговори за важноста на учителот во формирањето на личноста на учениците, за одговорноста со која се соочува преку подготовката што тој им ја прави за светот кој тие ќе треба да го обликуваат и движат.

-Најпрво, сакам да го честитам 5 Октомври, Светскиот ден на учителот. До сите наставници од Општина Кисела Вода во овој момент, сакам да упатам порака-да соработуваме заедно бидејќи Општината сака да биде партнер на образованието. Сите работи кои ќе ги правите сакам да ги правиме заедно со вас-директорите и наставниците. Да изградиме заедно едно модерно општество, да изградиме младина со која ќе се гордееме во иднина. Откако ќе ни завршат мандатите на сите нас, да можеме да се завртиме и да речеме-ова се нашите ученици, луѓето кои ќе донесат промени во општината и во државата.

Како Општина вложуваме многу во почитувањето на личноста и интегритетот на наставниците. Во таа насока се и промените кои ги направивме со кои сакаме да го стимулираме наставниот процес и со кои очекувме дека ќе го подобриме наставниот процес и ќе креираме младина со која сите ќе се гордееме. Уште еднаш, ви го честитам Светскиот ден на учителот и се надевам дека заедно ќе ги направиме успешните реформи. Ви благодарам за соработката и ви посакувам успешна понатамошна работа- истакна во своето обраќање градоначалникот Темелковски.

Во рамки на одбележувањето на 5-ти Oктомври, беа доделени и благодарници на наставниците со најдолго работно искуство во воспитно образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Кисела Вода.

Благодарници добија:

-Марина Милеска од ООУ “Невена Георгиева Дуња”, наставник по географија со 35 години 10 месеци, работно искуство;

-Драга Филовска oд ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, одделенски наставник со 36 години и 11 месеци работно искуство;

-Билјана Јовановска oд ООУ “Партенија Зографски”, одделенски наставник со 37 години и 11 месеци работен стаж;

Тасиќ Риса oд ООУ “Рајко Жинзифов”, наставник по техничко образование со 38 години работно искуство;

Надица Христовска oд ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, наставник по математика со 39 години и 3 месеци работен стаж;

Елица Илиоска oд ООУ “Св. Климент Охридски”, одделенски наставник со работно искуство 41 година и 5 месеци;

Добри Јованчов oд ООУ “Круме Кепески”, наставник по хемија со 41 година и 9 месеци работен стаж;

Снежана Цветаноска oд ООУ “Кузман Шапкарев”, наставник по биологија со работно искуство 43 години и 1 месец, која воедно е и наставник со најдолг стаж во воспитно образовниот процес.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa