Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Ќе се гради нова градинка во населба Драчево

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Министерството за труд и социјална политика објави оглас за избор на градежна компанија која ќе пристапи кон изградба на нова детска градинка во нас. Драчево. Имено, општина Кисела Вода кон крајот на минатата година изработи основен проект за изградба на нова градинка во нас. Драчево, по што аплицираше и доби грант од МТСП за зголемување на капацитетите на јавните детски градинки на нејзината територија.

Имајќи го во предвид фактот дека сегашниот капацитет на објектите за згрижување на најмладата популација во нас. Драчево не ги задоволуваат барањата и потребите, односно листите за чекање за упис на деца се предолги, од суштинска важност се наметна потребата за изградба на нова детска градинка во најголемата населба во општина Кисела Вода.

Согласно изработениот проект, новата градинка ќе се простира на површина од 600 квадратни метри, со поделена катност од подрум, приземје и еден кат. Во подрумот е предвидена просторија за горилник и остава за огревен материјал. На приземјето ќе се наоѓа главниот влез на градинката, како и 4 занимални. На првиот кат се планира да бидат сместени јаслите како и придружни простории.

Вкупниот капацитет на градинката за згрижување на деца е вкупно 125, од кои 95 деца на возраст од 2 до 6 години и 30 деца до 2 годишна возраст.

Објектот ќе ги задоволи сите параметри за енергетска ефикасност, а во функција ќе биде и млечна кујна, санитарни простории, како и соодветен паркинг простор.

Општина Кисела Вода обезбеди правосилно одобрение за градење, а почетокот на изградбата на објектот се планира по завршување на тендерските процедури.

Целокупниот проект е финансиран преку кредит од Светската Банка за спроведување на Проектот за подобрување на социјалните услуги.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa