Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

На 1 јуни почнува уписот на првооделенците во основните училишта во општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Сл.Весник на РСМ бр.161/2019) и член 3-б од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование, основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години. Образованието трае девет години и се организира во три периоди.

Општина Кисела Вода известува дека уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2020 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2014 година.

Уписот ќе се врши од 1 до 30 јуни 2020 година во општинските основни училишта на територија на Општина Кисела Вода, со целосно почитување на реонизацијата и местото на живеење на децата.

Родителите се должни при уписот, да ја достават следната документација:

-          извод од матична книга на родени за детето;

-          потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од надлежна здравствена установа;

-          потврда за извршен стоматолошки преглед, издадена од матичен стоматолог.

Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемија, родителите потребно е задолжително да закажуваат прием во основните училишта на следните телефонски броеви:

1. ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ – психолог, Злата Анчевска  078 248 628

-дефектолог Маја Бањанска, 078 416 017 и одделенски наставник Светлана Симоновска 078 447 399

2. ООУ „Партенија Зографски“ - одговорни лица педагог Марина Георгиевски тел 070/420-804, Јасмина Децков тел. 072/249-681

3. ООУ „Невена Георгиева Дуња“ - тел 078 344 993 Калина Спироска педагог; тел. О2 2776 230

4. ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ - oдговорно лице е педагогот на училиштето Жаклина Стојановска тел. за контакт 078/354-541

5. ООУ „Круме Кепески“ - Павлина Трипуновска- Директор, тел: 078/356-120 и

Сашка Донева- секретар, тел: 078/356-124

6. ООУ „Рајко Жинзифов“ - централно: педагог Весна Рафеска  тел: 070 344-279

 -подрачно:психолог Јасмина Пакашки  тел 075 288 261

7. ООУ „Кузман Шапкарев“ – педагог, Марта Стојановска – тел. 075/373-093

8. ООУ „Св.Климент Охридски“ – одговорно лице Елена Петрушевска, педагог, тел. 078 200 271

                                                                                                         

                                                                                                    

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa