Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Забрзано се одвиваат градежните активности за изградба на фекална канализација во Усје. Градоначалникот Филип Темелковски изврши увид во изградбата

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Денеска градоначалникот Филип Темелковски во придружба со претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и со секретарот на Општината, Александар Алексовски, изврши увид во градежните работи за поставување на секундарна фекална канализација во село Усје.

Во моментов, работните активности за поставување на канализацијата во селото се одвиваат забразно.

На канализационата мрежа која се гради на седум крака со вкупна должина од 2986 метри, досега од почетокот на изградбата завршени се 180 метри. 

Фекалниот систем се гради со профили на цевки Ф500, Ф250 И Ф300, согласно хидротехничките услови за приклучување и конфигурацијата на теренот.

Конечно после долги години проблеми поради немање на систем за одведување на отпадни води, по завршувањето на работните активности подобри услови за живот ќе добијат околу 1500 жители. Во следните 8 месеци работите на терен ќе ги врши фирмата „Енергомонт“.

Средствата за изградба на канализацијата ги обезбеди Општина Кисела Вода.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa