Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Честитки до сите ученици и наставници за успешно завршената училишна година

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода на сите ученици и на нивните наставници им честита за успешно завршената училишна година.

Од почетокот на прекинот на наставата во нашата држава, училиштата во надлежност на Општина Кисела Вода преку онлајн далечинско учење реализираа богата наставна програма.

Учениците со помош на наставниците и своите најблиски, во домашни услови  имаа онлајн часови по сите наставни предмети.

Училиштата реализираа активности за идната професионална ориентација на учениците од деветто одделение, а покрај ова, децата имаа и воннаставни активности. 

Учениците сликаа цртежи и по повод одбележувањата на повеќето домашни и меѓународни денови.

Општина Кисела Вода на сите наставници, родители, старатели, баби и дедовци на учениците, им благодари за вклученоста во воспитно-образовниот процес, а воедно на учениците од следната учебна година им посакува среќна дружба во училишните дворови и нормално одвивање на наставата.

 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa