Советот на Општина Кисела Вода на 27 јануари 2021 година (среда) со почеток во 12:00 часот, ја одржа Четириесет и седмата пленарна седница, со следниот
Д н е в е н р е д
Усвојување на Записникот од 45-та пленарна седница
1.Предлог-Одлука за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност – Кисела Вода;
2.Предлог-Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденчиња на подрачје на Општина Кисела Вода;
3.Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода за финансиско учество за опремување на Домот на култура КВК - Скопје со аудио-визуелна опрема;
4.Предлог-Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за основните училишта на територија на Општина Кисела Вода за 2021 година;
5.Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Град Скопје за заловување на кучиња на подрачјето на Општина Кисела Вода;
6.Предлог-Програма за измена на Програмата (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Кисела Вода за 2021 година, Подпрограма (Р10) Заштита на животната средина и природа Во начин на распределба на средствата за финансирање и Динамика на извршување;
7. Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Ирена Јованова;
8. Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Стојиман Дојчиновски;
9. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Деловникот на Советот на Општина Кисела Вода;
10.Предлог-Програма за активности за дом на култура с.Драчево;