Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Вера Јоциќ” и дел од улицата „Ѓорѓи Димитров”. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на шибер вентил ф-80мм во шахта на улицата „Вера Јоциќ” бр.12.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.