Започнува подготовката за изградба на фекална канализација на ул. Борис Трајковски на три крака во должина од 1380 метри. Со оваа интервенција жителите во Месна заедница Градинар ќе добијат фекална канализација.
Денеска почна со одбележување на трасата а изградбата ќе започне за седум дена и ќе трае 7-9 месеци. Уште едно населено место во општина Кисела Вода кое ќе добие приклучок на фекална канализација. Ова е една од подолгите преостанати делници на канализациска мрежа која ја изведува општината. Работите на канализациската мрежа во Усје во должина околку 2.000 метри ќе биде завршена во следните два месеци, а ќе ни преостанат уште неколку пократки делници кои ќе започнат во првата следна прилика кога ќе се обезбедат средства.