Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Од 29 март до 8 април граѓаните ќе имаат можност да закажат термини за бесплатно собирање кабаст отпад

Рејтинг на корисник:  / 2
НајлошоНајдобро 

Жителите на Општина Кисела Вода, во сите месни и урбани заедници, следниот месец, поточно од 5 до 23 април ќе имаат можност да одложуваат кабаст отпад.

За собирање на кабастиот отпад, заинтересираните потребно ќе биде претходно да закажат термин на телефонскиот број 072/313 -331. Закажувањата ќе се вршат од 29 март до 8 април, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Граѓаните потребно ќе биде отпадот да го одложуваат пред нивните домови, на површини, на кои не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот.

Во работните активности, ќе бидат вклучени 25 сезонски работници и два камиони на Општината.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa