Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Анализа на состојбата со КОВИД -19 врз образовните институции во општината Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот Филип Темелковски денеска одржа вонреден онлајн состанок со директорите на осумте општински основни училишта.

На состанокот се дискутираше за моменталната состојба со вирусот Ковид – 19, и влијанието врз  работата на училиштата во услови на пандемија, како и за мерките кои би се презеле доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба. Директорите информираа дека во нивните училишта нема заболени од вирусот, туку дека само во едно училиште има тројца наставници во изолација.

Градоначалникот и стручните служби на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски ќе продолжи да биде во комуникација со директорите на училиштата, и постојано ќе ја следи состојбата. 

Воедно апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за претпазливост и заштита. Да потсетиме без разлика на личните убедувања и размислувања преку почитување на мерките ги почитуваме и сограѓаните и блиските. Апелираме да се придржуваме до одржување на дистанца, избегнување на групирање и директни контакти, носење на заштитна маска и редовно дезинфицирање на површините и рацете. Само заедно и со взаемно почитување ќе ја надминеме оваа криза без поголеми последици. 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa