Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Општина Кисела Вода со дводневни активности ќе го одбележи патрониот празник

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Со низа настани, општина Кисела Вода годинава ќе го прослави патрониот празник, 6-ти Мај - Ѓурѓовден. Иако состојбата со Корона кризата и годинава го усложни чествувањето на празникот на пролетта, а воедно и патронен празник на општината, сепак општина Кисела Вода ќе одржи неколку традиционални манифестации.

Имено, најпрвин во четврток (06.05) делегација предводена од градоначалникот Темелковски ќе ја посети црквата “Св. Ѓорѓи” на утринската литургија, а во периодот од 10.30 – 11.30 часот во паркот “Шопен”, општината ќе го организира традиционалниот ликовен хепенинг, на кој учество ќе земат ученици од сите општински основни училишта, кои годинава ќе творат на темата: “Ѓурѓовден – патронен празник на мојата општина”.

 На настанот по повод патрониот празник на ден (06.05) четврток, со почеток од 12.00 до 13.30 часот во паркот „Шопен“ ќе учествува и Извидничкиот Одред Методи Митевски -  Брицо за да го даде својот придонес со своите активности на извидниците.

Во петок пак (07.05.), во соработка со Црвениот крст и со Институтот за трансфузиологија, во големата сала на општината во периодот од 10.00 – 14.30 часот ќе се одржи крводарителска акција под мотото “Дарувај крв – спаси живот”.

Во реализацијата на сите настани, општината ќе се придржува до сите здравствени протоколи за заштита од Ковид – 19. 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa